Дерми е мало место на истоимената плажа, инаку едно од најубавите во Албанија. На Дерми се изградени бројни луксузни хотели, но и станбени згради кои со години привлекуваат голем број туристи. Дерми се карактеризира со одлична природа и планински венец над градот, додека плажите се карактеризираат со тиркизно сина боја на морето и исклучително чиста вода.
Сместувањето во Дерми главно е фокусирано на хотели со 4 или 5 ѕвезди, веднаш на брегот.