Како до Албанија?

Постојат повеќе начини за патување од Македонија до Албанија, особено до албанското приморје доколку патувате на летување автомобил или користење на автобуски линии. Во зависност од тоа во кој дел од Албанија патувате, ви даваме информации и сите неопходни детали како безбедно и едноставно да стигнете до вашата дестинација.

За да ја видите понудата за сместување во Албанија, кликнете овде.

Патување од Скопје до Драч и северна Албанија

Како едноставно би објасниле како се патува до местата за летување во Албанија, за пролазна точка во нашата земја ќе го земеме главниот град Скопје. Од Скопје до Драч, летување на северно од земјата и убедливо една од омилените дестинации меѓу нашите туристи,  се стигнува за околу 5 саати. 

Драч

Нашите туристи најчесто користат две опции – патување преку Приштина и патување преку Дебар и граничниот премин Блато. Треба да имате во предвид дека иако патот преку Приштина е пократок и поголемиот дел е по автопат, на оваа рута ве очекуваат две прелазни граници- една преку Македонија и Косово и една преку Косово и Албанија. 

Воглавно, разликата во километража помеѓу овие две рути е само 250 километри, односно околу 310 километри за патување преку Дебар. 

Кога патувате за Драч преку Приштина, се упатувате од Скопје кон Приштина, а потоа во близина на овој косовски град барате одвојување на автопатот за Тирана. Ги следите знаците за Тиране се до преминување на границата по Призрен, а потоа следете ги знаците за Драч.  Од Тирана до Драч се стигнува за околу половина час. 

Во случај да патувате преку Дебар и преминот Блато, ве очекува помалку квалитетен пат, но и пократка километража. По поминување на албанската граница следете ги знаицте за Тирана. Како патувањето би било поедноставно, погледнете ја мапата на овој линк, а можете да ја користите и за навигација при вашето патување.

Патување од Скопје до Саранда и јужна Албанија 

Од друга страна, ако патувате до јужна Албанија, како Саранда, Ксамил, Химар или Дерми, ви ја препорачуваме следнава рута од Скопје.  Прва опција е возење по одличниот автопат до Солун, а потоа преку граничниот прелаз Грција и Албанија, Какавија до Саранда. 

Саранда

Оваа опција е одлична бидејќи патот е одличен, но ве очекува поголем трошок поради патарини. Патувањето од Скопје до Саранда трае околу 7 часа. 

Друга опција од Скопје до Саранда е преку Кичево, Охрид, Струга, а потоа преку Елбасан Ѓирокастро во Албанија до Саранда или Ксамил. Оваа рута е со пократка километража, но за нејзино совладување се потребни околу 9 часа, бидејки станува збор за магистрален пат. Ви препорачуваме да ги погледнете деталите за оваа рута на следниот линк кој можете да го искористите во текот на патувањето како навигација.

Парување од Велес, Прилеп и Битола 

Доколку за Албанија патувате од некој друг град во нашата држава, како Велес, Прилеп и Битола, ви го препорачуваме следново. 

Доколку патувате во северна Албанија, во Драч, Голем, Шенѓин, упатете се до Скопје,а потоа пратете ги преопрачените рутите кои ги има погоре во овој текст. 

Од друга страна, доколку патувате во јужна Албанија, во Саранда, Ксамил, Химар и други места, ви препорачуваме патувње до Битола, а потоа преку граничниот премин Меџити и краток дел на магистралниот пат, по автопат до граничниот прелаз Какавија, потоа и до вашето место за патување.

Ксамил

Трошоци за патување 

Трошоци за повратно патување – гориво и патарини (Јун 2022.)

  • Од Скопје до Драч преку Приштина (4,5h) – 65€
  • Од Скопје до Драч преку Приштина (4,5h) – 65€
  • Од Скопје до Саранда преку Охрид (9h) – 120€
  • Од Скопје до Саранда преку Солун (7h) – 140€

Документи за патување 

За преминување на албанска граница за наши држављани е доволно лична карта за возрасни, односно пасош за деца. 

Популарни места за летување во Албанија 

Доколку сеуште размислувате која дестинација да ја посетите во Албанија, ви препорачуваме да ги погледнете нашите детални совети за јадранскиот обала на овој линк, односно за јонската обала на оваа страница.

Резервирајте сместување за одмор

Кога станува збор за сместување во Албанија, најдобрата понуда е достапна на страницата Albanija.mk, како и на страницата Albanija.rs – сајтови специјализирани за резервации на хотели и апартмани во Албанија и кои имаат убедливо најдобри цени за сместување.

Можете да ја видите понудата, а потоа да испратите барање за хотели што ве интересираат на овој линк.