Плажите во Албанија

Во последните неколку години Албанија станува сè попопуларна дестинација за одмор, како за гостите од регионот и светот, така и за туристите од Македонија. Македонските туристи не го кријат својот ентузијазам за Албанија, која иако станува се попопуларна, сепак има голем број места на брегот на Јонското и Јадранското Море со извонредна природа и прекрасни, пространи плажи без премногу туристи.

Ви ги претставуваме најубавите плажи на Албанија и местата на албанското крајбрежје кои сигурно ќе ви се допаднат.

Дерми – едно од најубавите мали крајбрежни места со извонредна плажа. Местото се наоѓа помеѓу Саранда и Валона на југот на Албанија

Дримадес – Плажа која покрај плажата Дерми важи за една од најубавите и се карактеризира со тоа што обично нема гужви, како и со тоа што е песочна а и дел од плажата е со камчиња.

Плажи во и околу Саранда – Прекрасни плажи ве очекуваат во околината на градот Саранда, на југот на Албанија, на Јонското Море. Манго и Фламинго се најпопуларните плажи во градот, додека надвор од градот мора да ги посетите Крорез, Манастирската плажа и плажите Паскала и Шпела е Пелумбаве.

Ѓипе – мала плажа опкружена со прекрасна природа, која се карактеризира со прекрасна тиркизна морска боја.

Плажи во Ксамил – Ксамил е едно од омилените летни одморалишта во Албанија и нуди десетици мали, прекрасни песочни плажи. Затоа во јули и август во Ксамил може да биде доста гужва.

Ксамил

Химара и околината – Овој мал град има одлични плажи, како во местото така и во околината. Плажите се исклучително чисти, а може да се најдат и песочни и со камчиња.

 ● Борш – плажа долга дури 7 километри. Таа е една од омилените за оние кои сакаат пространи плажи, без премногу гужви.

Ливади – Плажа кај Борш со тиркизна и чиста морска вода.

Борш

Доколку одлучите да летувате во Албанија, наша препорака е да резервирате директно со избирање хотел на сајтовите Albanija.mk или Albanija.rs – без провизија и со најниски цени на Интернет. Станува збор за специјализирани сајтови за резервации на хотели и апартмани во Албанија на наш јазик, а понудата можете да ја погледнете на овој линк.