Саранда

Саранда е град на самиот југ на Албанија, недалеку од границата со Грција и е една од најпопуларните дестинации во Албанија. Бидејќи аеродромот на Крф е исклучително блиску, Саранда е популарна и меѓу меѓународните туристи кои  доаѓаат во Албанија.

Самиот град Саранда има околу 35.000 жители, се наоѓа на прекрасна локација, опкружена со море и планини и е одлична дестинација  за сите категории туристи – семејства, млади, но и за повозрасни туристи. Во Саранда има место за секого! Саранда има изразена медитеранска клима,  многу топла морска вода и повеќе од 300 сончеви денови годишно.

Ако се прашувате кога е можно да се плива во Саранда, тоа е периодот од мај па се до октомври. Понудата за сместување во Саранда е многу богата – од помали  апартмани или хотелски капацитети, до поголеми хотели со базени или  сопствена плажа.

11

Драч       Саранда       Ксамил       Валона       Борш       Химара       Дерми

Што да се посети во Саранда?

Саранда е пред сѐ еден многу динамичен град. Шеталиштето покрај брегот навечер е полно со туристи, семејства и млади, а покрај шеталиштето можете да најдете многу одлични кафулиња, ресторани и пабови.

Топла препорака даваме за познатиот ресторан „Лимани“ на шеталиштето, како и за таверната „Fish Filipi“.

Во Саранда можете да посетите низа знаменитости: од остатоците на некогашната Синагога од 5 век, преку различни музеи, старата тврдина Љекурси над градот од каде што се пружа неверојатен поглед на Јонското Море и околината на Саранда, па сѐ до националниот парк Бутринт кој се наоѓа близу Саранда.

Плажи

Кога станува збор за плажите во Саранда, можеме да препорачаме African beach, Mango и Flamingo плажите, како и градската плажа во Саранда каде што можете слободно да го поставите вашиот пешкир без да плаќате за лежалки.

Сепак, најубавите плажи, за кои многумина велат дека се меѓу најубавите во Европа, се наоѓаат во околината на Саранда. Препорачуваме да ги посетите плажите Pasqyra и Shpella e Pellumbave, кои се наоѓаат на околу дваесетина минути од Саранда.

Pasqyra

Плажата Pasqyra е омилена кај оние што ја сакаат прекрасната тиркизна боја на морето и плажа без гужва. До плажата Krorez, која е исто така популарна, може да се стигне само со бродчиња од Саранда, а таму навистина можете да се опуштите, да уживате во мирот или во специјалитетите на малечкиот ресторан што се наоѓа на плажата.

Секако, доколку имате можност, препорачуваме и посета на Ксамил, популарно место кое се наоѓа на самата граница со Грција, на околу 20 минути од Саранда.

Што се однесува до цените за лежалки во Саранда и околината, тие обично се од 6 до 20 € за комплет лежалки и чадор, во зависност од локацијата и периодот на сезоната.

Цени во Саранда

Цените во Албанија, вклучувајќи ја и Саранда, се приближно за 30 до 40 проценти пониски во однос на другите летни дестинации во регионот.

Цени на храна и пијалоци во ресторани:

  • Ручек за 2 лица во ресторани за брза храна (пијалак и храна) – 8 €
  • Ручек за 2 лица во класичен ресторан – 20 €
  • Домашно пиво (0.5 л) – 3 €
  • Страно пиво (0.33 л) – 4 €
  • Капучино – 1.5 €
  • Кока кола (газирани пијалоци) – 2 €
  • Вода – 1 €

Цени на храна и пијалоци во супермаркети:

  • Јајца (пакување од 10 парчиња) – 3 €
  • Млеко (1 л) – 2 €
  • Леб – 1.5 €
  • Сирење (1 кг) – 7 €
  • Јаболка (1 кг) – 1 €
  • Шише вино – 10 €
  • Домашно пиво (0.5 л) – 1 €
  • Страно пиво (0.33 л) – 2 €
  • Цигари (20 парчиња) – 4 €

Хотели и апартмани во Саранда

Кога станува збор за сместувањето во Саранда, цените се движат од 30 до 80 евра по ден за апартманско сместување за 4 до 6 лица и од 20 до 60 евра во просек за хотелско сместување со појадок по лице.

Апартманите најчесто се наоѓаат многу блиску до плажите и шеталиштето, додека дел од хотелите располагаат со базени, приватни плажи и бројни други содржини.