Ксамил е мало гратче кое се наоѓа на брегот на Јонското море, со само 3.000 жители, но во летната сезона ова место го посетуваат исклучително голем број туристи, како од Албанија и регионот, така и од целиот свет. Ксамил се наоѓа веднаш до границата со Грција и спроти островот Крф и на околу петнаесет минути од градот Саранда.
Ксамил важи за една од ТОП 3 дестинации во Албанија која мора да ја посетите бидејќи овој дел од албанската ривиера е вистинска европска егзотика. Треба да се напомене дека во текот на сезоната Ксамил го посетуваат голем број туристи, па ова место не е од оние за гости кои сакаат потивок одмор.
Понудата за сместување во Ксамил е разновидна – од помали хотели и станбени згради, до хотели со базени или хотели веднаш на морскиот брег.